Продолжуваат протестите на ВМРО-ДПМНЕ под мотото “Сега за да не биде предоцна, оставка на Заев” вечерва во 20 градови во државата. Во Босилово и Неготино со аплаузи и скандирања беа пречекани членовите на ВМРО-ДПМНЕ. На народот му е преку глава од неспособноста на СДСМ. Нема економија, нема здравство, нема образование, нема финансиска програма, едноставно СДСМ нема воопшто поим на каде ја тера нашата држава Македонија и затоа од тука порачуваме дека е крајно време да си заминат во политичка пензија и да не си играат држава, порачаа жителите на Босилово и Неготино.
-Добровечер за еден од најубавите градови во Македонија. И на минусни температури еве не сите сме тука, сложни со една единствена цел, а таа е рушење на оваа мафија на власт, која тргува со се што е македонско. Продава се па, и нашиот национален идентитет. Овој нечовечки, и крајно незаконски однос на СДСМ е доказ дека хибридниот режим во нашата држава ги загрозува основните човекови права и го загрозува угледот на Република Македонија и време е да ја напуштат политичката сцена за да не им се случи народ, порача од Босилево Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.
Неготинчани сплотени на протестот побараа оставка на Заев, и му порачаа дека сите сложно ќе ги бранат црвените линии на Македонија.
Жителите побараа итна оставка како на Заев, така и на целото раководство на СДСМ и владата.
-Се собравме тука за да му кажеме едно големо НЕ на Заев. И да му порачаме дека Македонија нема цена и дека Македонија ќе опстои. Сите заедно, сплотени ќе ги одбраниме црвените линии, порачаа тие
На протестот во Неготино говореше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски кој истакна дека оваа предавничка политика на СДСМ и Заев ја донесе Македонија и македонскиот народ речиси пред бришење на историјата, нашиот јазик и култура. Македонија е ставена на распродажба.
-СДСМ е по директива од странски центри и е контра нашите национални интереси.Ова досега Заев не го негираше. Се разговара за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои при што македонските владини претставници се договорени да попуштат во црвените линии и ги прифатат бугарските максималистички барања.Заев ги продава државните интереси на тајни средби додека во Македонија ја замајуваат јавноста. Алармираме Заев и неговата влада во заминување да не и прават штета на државата и ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ, порача од Неготино Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.