Централниот одбор на Бошњачкиот демократски Сојуз донесе одлука дека партијата со сиот свој капацитет ќе делува и настапува самостојно на претстојните локални избори. Според Претседателот на БДС Мунир Колашинац овој настап на локалните избори ќе претставува своевиден референдум на Бошњаците во Република Македонија.
Чест и задоволство ми е да ја известам јавноста и нашите гласачи дека донесовме одлука да настапиме самостојно на претстојните локални избори. Централниот одбор на БДС силно ја поддржа одлуката и сме навистина горди што за прв пат во историјата на нашата држава една бошњачка партија ќе излезе сама на избори. Нашата цел на овие локални избори е да го покажеме нашиот полн демократски капацитет, да ги оствариме очекувањата на нашите гласачи на кои им должиме многу во изминатите години за секое нивно залагање. Нашата партија која е формирана пред неколку години има цврсти ставови за иднината и развојот на нашето општество и ќе делува за сите заедници како единствена партија, изјави претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз Колашинац.
Според Претседателот на БДС, ова ќе претставува и своевиден референдум на Бошњаците во Република Македонија.
Оваа наша одлука покрај своите цели да го покажеме целото наше знаење и капацитет кон решавање на проблемите на нашите граѓани, ќе претставува своевиден референдум за бошњачката заедница во Република Македонија, додаде тој.
Бошњачкиот демократски сојуз на овие локални избори ќе се бори да го освои секој глас на фер и демократски начин, а во наредните денови ќе ја информира јавноста за своите кандидати со кои ќе се претстави на овие избори и во кои општини ќе имаат свој кандидат и листи на советници. Од партијата во пресрет на изборите им посакуваат успешни, фер и демократски избори на сите учесници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.