Братот Бојко, новиот јарем околу вратот на Македонија, бил вклучен во преговорите со Грција, а ние во Македонија и да не знаеме за тоа. И не само што преговарал, Борисов се залагал за Македонија „како за своја земја“.
Оваа ексклузивна вест од преговорите кои завршија со потпишување на погубниот Преспански договор ја открива лично премиерот Зоран Заев во интервју за Телма.
Знам каква поддршка даде кога разговаравме со Ципрас за Преспанскиот договор. Дигаше телефони, разговараше, доаѓаше, се гледавме… на сите тие состаноци. Директно инволвиран како за своја земја, открива Заев во интервјуто.
Неверојатна е леснотијата со која Заев ѝ соопштува на македонската јавност дека Македонија не е суверена земја.
Заев си го вклучил Бојко Борисов во преговорите за Преспанскиот договор. Слушнете што вели за неговата улога, па уште додава дека “го правел тоа како за своја земја”. Ова ништожно човече со пазарџиски ментален склоп мислел дека продава магариња, па го вклучил и џамбазот Бојко. pic.twitter.com/EFPEkNveNE
— Џон Фалстаф (@JohnFalstaffMKD) December 10, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.