Во делот на снимките, Закон за јавно обвинителство е противуставен, како што беше и законот за СЈО, смета адвокатот Јовица Страшевски.
Минатото ни покажа дека тоа што е криво насадено, не може да создаде правда. Така и со овој закон. Сметам дека на сегашното мнозинство најважно им беше да не важат снимките во иднина, а да важат за случаите кои се во Суд, што е директно кршење на Уставот. Имаше различни ставови, мислења, толкувања и примени од страна на судиите околу ткн. „бомби“. Тоа покажа дека има различен аршин и нивна примена од случај до случај. Мојот став е дека или за сите треба да важат снимките или за никој. Тоа е резултат на носење на закон којшто го прават политичарите, а не стручната фела. Мое мислење е дека треба да се донесе Закон со кој целосно ќе се забрани секаква употреба – злоупотреба на ткн. „бомби“ и најстрого ќе се казни секаква нивна злоупотреба, освен за потребите на обвинителството и судот. Истите се злоупотребуваат на разни начини во политички цели, но и во уцени и дискредитација на одредени личности. Притоа со точност и сигурност не се знае кој се ги поседува и ги пушта и кој се има ткн. „бомби“, вели Страшевски за „Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.