„Бомбашот“ од Чикаго Ел Чека и новиот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу се соселани пренесува ТВ 21 во репортажа снимена во кичевското село Туин.

Во селото велат дека семејството на Чека од Туин заминало во Албанија. Останала само бабатаа, која не сакала да го напушти огништето, и сега се грижи за четири куќи. За својот внук со солзи во очите вели дека неодамна заминал во Америка и дека во последно време не се слушнале.

Ел Чека веќе два дена не објавува бомби во социјалните мрежи, а на Фејсбук и го нема неговиот профил.

Пред исчезнувањето Ел Чека објави и неколку статуси за претставниците на ДУИ . Предупреди дека ќе има уште „пострашни бомби“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво Насеље, како што ветуваше ДУИ. Според него, бомбите ги добил од „Кумановската група“, чии членови се неправосилно осудени и се наоѓаат во Шутка.


Целата репортажа ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.