Институт за ТБЦ, Ковид центар. Нема никој, нема кого да прашаш, не креваат на телефон. Семејствата оставаат храна и вода за нивните блиски кои се во Центарот, но таа со часови стои на маса и нема кој да ја однесе – ова е дел од видеото снимено во еден од ковид центрите, за кои министерот за здравство, Венко Филипче тврди дека добро функционираат. И додека се е под контрола роднини на починатите се жалат дека нивните блиски починале за вода и топол збор. Се жалат дека со последниот здив молеле и барале помош а никој не одговарал на нивните повици…

И додека еднит критикуваат дека здравството е пред колапс, дека нема доволно медицински персонал идека заболените не ја добиваат потребната нега, другите обвинуваат дека е тоа само политика и масло на опозицијата. А што говори сликата од ковид центрите?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.