Сопствениците на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, вчера беа на состанок со министерот Венко Филипче, во Министерството за здравство.
Вчера постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19.
Целосно ќе се опреми таа болница, да се инсталира кислород, што ќе биде направено за неколку денови. Сите ќе помогнат со материјали, со капацитетите кои ги имаат.
Прогнозите се дека до крајот на неделата ќе почне со работа.
Кадарот што ќе работи таму е целосно од тимовите на трите приватни болници, а трошокот ќе биде на сметка на државата, појасни министерот Венко Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.