Боки види брат за  тато, за Систина“. Вака гласела пораката што Дејан Панделевски ја пратил на   8 јануари 2019 година на Бојан Јовановски. Оваа порака беше денеска презентирана на рочиштето за „Рекет“ . на 4 март му пратил друга порака со текст  „Стигна решението, 500 сега“.

На ова Јовановски враќа „Фала, ај види уште другите“.

Потоа обвинителката прочита уште една порака во која Панделевски на 6 март му пишува на Боки „Другар сега 500, ме блокира Царина, не можам повеќе“.

Оваа порака како што рече обвинителката била испратена до Јовановски од контакт запишан во телефонот на Боки како Дејан Пелистерка.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.