Проектот за изградба на станови не беше никаква измама или криминал туку реален проект. Како може да се помисли дека јас можам да го измамам еден Силјан Мицевски, истакна во воведните зборови Бојан Јовановски.

Како доказ тој го наведе фактот дека се слушнал со Мицевски на денот кога бил уапсен на граница.

Ми рече, Бојанче, бидејќи така ме викаше, среќен пат и убаво да си поминеш-отрки Боки.

Тој рече дека првата средба со бизнисменот Мицевски ја организирал Александар Кирацовски и оти на 4 јануари бил потпишан меморандум со Општина Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.