Перници „Зебрано“, лустер, огледало, телевизор со заоблен екран, уметнички слики од Мартиновски и Личеновски, гарнитура, ламба, одзело Обвинителството од домот на Бојан Јовановски.
Од гардероба пак се одземени 77 пара пантолони, 15 пара папучи, 50 капути, 30 тренерки, 15 каиши, 50 кошули. Одземени се и ланче, брошеви, 80 пара наочари, мажетни и украси „Сваровски“…
Јовановски и неговиот адвокат бараа облеката да се донесе како доказ на суд но судијката тоа не го дозволи.
Оставен сум без парче гардероба и тоа е преседан, рече Боки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.