Орце Камчев на денешното рочиште проговори за односот кој Боки 13 го имал со вработените во 1 ТВ.

Како пример го наведе главниот уредник Ацо Кабранов. Според Камчев, Боки 13 и Сергеј Варошлија со мутирани гласови преку телефон го малтретирале Кабранов и му се заканувале.

Боки 13 на интерфот ги злоупотребуваше и политичарите. Го слушав како го малтретираше господинот Кабранов, па после глумеше дека го спасил – рече Камчев, додавајќи дека на одредени новинари од 1ТВ им давал насоки што да прават.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.