Здравствената состојба на Бојан Јовановски е загрижувачка. Тој се наоѓа на интензивна нега по вчерашниот хируршки третман на неговиот желудник.

Боки се наоѓа во Градската болница „Наум Охридски“ откако во затворот во Шутка нагло му се слошило и веднаш бил донесен  и направиле томографија.Неговиот желудник бил напукнат, крвавел и течела непозната течност.

Изведена е операција со полна анестезија и сега состојбата е смирена но се уште има опасност од компликации.

Како што дознава „Република“ од болнички извори доколку бил донесен половина час подоцна, можело да добие сепса.

Тој уште во февруари требало да оди на контрола и снимање но и по шест месеци не бил однесен поради тоа што неговата здравствена состојба не беше земена за сериозна од страна на судот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.