Утре во 12 часот, првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, со полициска придружба од затворот во Шутка треба да биде донесен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, соопштуваат од Обвинителството.

Увидот во доказите заврши и утре за прв пат Јовановски треба да даде исказ во Обвинителството. Засега нема информација кога ќе даде исказ поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.