Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва во придружба на полиција беше донесен во Кривичниот суд каде треба да започне распитот за него и за Зоран Милески-Кичеец. Тој е спроведен со лисици на раце, кои ги сокрил покривајќи ги со своето палто.

Двајцата се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра како награда за да влијаат врз јавен обвинител за да запре истрага против едно лице. Обвинителот врз кого требале да влијаат се уште е на работното место.

 

Извор: Тв21



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.