Бојан Јовановски, кој пред неколку дена беше осуден на затвор од 9 години за случајот „Рекет”, денеска поднесе кривични пријави за функционери за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура и несовесно лекување.
Неговиот адвокат Сашо Дукоски истакна дека Јовановски го користи законското право од Член 273 од Законот за Кривична постапка, според кој секој граѓанин може да поднесе кривична пријава за кривично дело што се гони по службена должност.
Кривичните пријави ќе бидат поднесени за најмалку неколку кривични дела и тоа за, пред се и над се, злоупотреба на службената положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура, несовесно лекување и итн, потенцираше адвокатот на Јовановски, Сашо Дукоски.
Адвокатот на Боки 13 рече дека досега неколку пати барале да поднесат кривична пријава кај Републичкиот обвинител, а денеска поднеле барање во Основното Јавно обвинителство – Скопје.
Од страна на Републичкиот обвинител ни беше делегиран заменик на обвинителката од истото обвинителство што го гони Јовановски и тој одби тогаш да поднесе на записник кривична пријава. Ова е второ барање, рече Дукоски.
Бојан Јовановски за случајот „Рекет“ беше осуден на вкупно 9 години затвор. По изрекување на пресудата неговиот адвокат изјави дека неговиот клиент е осуден без докази и без да се вештачи неговиот телефон каде постојат фотографии и видеа кои може да се користат како докази и сето тоа е направено за да се спасат покрупни ѕверки кои имале допир со парите.
Јовановски веднаш откако ја слушна изречената казна изјави дека има подготвено кривични пријави за повеќе лица, а рекетираните пари треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.