Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на сопствено барање, утрово веќе би требало да дава исказ во основното јавно обвинителство кај обвинителката Вилма Рускоска, објави „Канал 5“.
Според информациите од неговиот адвокат, исказот е на негово барање. Боки 13,тврди дека има несоборливи докази за вмешаност во сериозни криминали на дел од политичката елита на власта.
Адвокатот Сашо Дуковски не прецизираше против колку лица и против каков профил на луѓе се однесуваат пријавите, а Јовановски претходно тврдеше дека има докази за злоупотреби и на функционери и на бизнисмени. На изрекувањето на пресудата Јовановски ги кажа имињата на поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат Вице како лица каде завршуваат пари од рекетот. Заев тоа го негираше.
Јовановски за случајот „Рекет“ беше осуден минатата недела на девет години затвор заедно со поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа доби доби казна затвор од седум години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.