Двајцата обвинети, Катица Јанева и Зоран Милевски се веќе во судница во Основниот кривичен суд. Во судот само што пристигна Бојан Јовановски кој е донесен од притвор. Причина за доцнењето е спроводот од Истражниот затвор во Шутка. Неговото спроведување доцнело поради тоа што тој бил на преглед кај затворскиот лекар.

Сите тројца обвинети имаат по двајца адвокати во судницата кои ќе ги застапуваат за случајот „Рекет”. Судскиот процес го следат бројни новинарски екипи, како и претставници од американската амбасада, ОБСЕ, Коалицијата сите за правично судење и Зелена лупа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.