Бојан Јовановски, уште познат и како Боки 13 денеска во Основното јавно обвинителство во 09:45 часот ќе дава исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против десетици актуелни функционери на власта.

Претходно додека Боки 13 беше во ОЈО и чекаше да биде сослушан, лице непознато за неговиот адвокат Сашо Дуковски и од непознат број со мутиран глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент.

Во спротивно, Дуковски и Јовановски ќе треба да внимаваат на своите животи и животите на нивните семејства.

Инаку Бојан за време на пресудата и добивањето на деветте години затвор побара милионските пари од Рекетот да се бараат кај браќата Заеви.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.