Министерството за надворешни работи испрати соопштение до медиумите во кое информира дека земјава испратила три дипломатски ноти со кои ги информира членките на ОН и сите меѓународни организации и институции за практичната примена на новото име и дипломатските последици што произлегуваат од Преспанскиот договор, односно Македонија го информирала целиот свет веќе да не ни се обраќа со името Република Македонија и да го користи новото име на државата Република Македонија.

МНР објави факсимил од документот на Твитер и на Фејсбук, на што реагира #Бојкотирам, кој тврди дека Никола Димитров, Владата и МНР не ги објавуваат и трите ноти, затоа што од нив може да се види дека освен од името, Македонија се откажала и од придавката македонски (Macedonian).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.