Бугарскиот премиер, Бојко Борисов информираше дека добил негативен резултат на вториот ковид-тест, и денеска ќе го пречека македонскиот премиер, Зоран Заев на Самитот на Берлинскиот процес во Софија.
Негативен сум на Ковид-19, покажа вториот последователен тест. Во согласност со наредбите на здравствените власти, можам да го пречекам премиерот на Република Македонија Зоран Заев и да го одржам Самитот на Берлинскиот процес – напиша Борисов.
Заев замина за Софија каде што заедно со Борисов ќе претседава со Самитот.
Свои обраќања ќе имаат канцеларката на Германија Ангела Меркел, на чија иницијатива започна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.
На пленарната сесија на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес се очекува да земат учество лидерите на земјите од Западен Балкан како и заменик-претседателот на Европската комисија Хозеп Борел и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.