Бојан Јовановски по вчерашното судење со Орце Камчев излезе со свој статус на Инстаграм во кој вели дека oвој случај е демонтиран.

„Прашања до тужителот Камчев имаше и судијата Андреј Димовски, кој најпрвин го праша дали било реализирано тоа што било платено, а бизнисменот негира. Во текот на судењето судијата праша и дали било поднесено обвинение за ‘Империја’, на што Камчев одговори потврдно.

Судијата праша: ‘Знаете дека рекетот е кривично дело ако ги платите тие 1,5 милион евра? Сте можеле да ја одбиете понудата’, а бизнисменот одговори: ‘Јас направив тоа што мислев дека е најпаметно за мене и да ја спасам државата

‘Можам да разберам дека доброволно се согласивте да ги исплатите’, праша судијата, а бизнисменот се бранеше: ‘Јас ги исплатив паричните средства, 1,5 милион евра, за да имам доказ, потоа да го документирам случајот и напоменувам дека во периодот кога беа исплатени парите јас бев во притвор и немав можност да се одбранам’.

Прашан дали имал адвокати, Камчев рече дека имал, но немал доверба во своите адвокати за да пријави додека бил во притвор: ‘Во тој момент немате ниту доверба во сите адвокати, го направив она што најдобро го знам’. Судијата го праша зошто писмено не пријавил за случајот ‘Рекет’ кај институциите, Камчев рече: ‘Адвокатот беше пријател со директорот на АНБ’“ и адвокатот постапи како што му даде насоки директорот , oбјаснува Боки.

Од торбоносецот Кичеец немало да се бара отштета. Ама зошто не? Тој нели прв призна вина и го отвори патот за осудителните наши пресуди, а додека беше во затвор имаше фотографија од кафич, па и сообраќајка со смртни последици. Помафијашки договор Македонија не паметела!
ВЧЕРА РЕКЕТ Е ПАДНАТ-смета Јовановски

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.