Бојан Јовановски првоосомничен во случајот „Рекет“ денеска е пренесен на скопските клиники поради испитувања за закажана операција од претходно, објави „Фокус“. Како што пишува порталот, Јовановски во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ бил на неколку прегледи.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски познат уште како Боки 13 и второосомничен бизнисменот Зоран Милески-Кичеец.
Според обвинението Јовановски го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата.
Милески пак овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, обвинителката Вилма Рускоска рече дека биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.