Во тетовско Боговиње најмалку десет пациенти испаднале позитивни на корона вирус откако вирусот претходно бил утврден кај еден матичен лекар. Позитивни наоди има и кај членовите на неговото семејство и кај други вработени во ординацијата, а 156 лица кои го посетиле лекарот се во изолација.

И министерот Венко Филипче рече дека Боговиње е новиот фокус на вирусот, потврдувајќи 10 дијагностицирани и 156 во изолација.

Во овој дел од Полошкиот регион, во однос на интервјуа, пристапот до пациентите и нивните контакти е целосно под контрола. Но, ги разгледавме барањата и за сите барања што се пред нас, ќе се донесе одлука деновиве – изјави Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.