Искрено се надевам дека ДУИ ќе оди во опозиција, не ја исклучувам опцијата дека Зоран Заев ќе собере 61 пратеник без нив, рече поранешниот пратеник Павле Богоевски на Канал 5.
На нашата сцена не се непознати математиките на прибирање на пратениците, понекогаш и од спротивниот табор, преку лобирање, убедување итн, не би ја бутнал таа врата. ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети – рече Богоевски.
Според него, Законот за амнестија беше политички пазар за промена на името со цел влез во НАТО и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.