Поранешниот пратеник Павле Богоевски призна дека се донесе Закон за јавно обвинителство кој не одговара на она што и е потребно на Македонија за реформи во правосудството. Вечерва. за време гостувањето во 24 Анализатој изјави:
– Далеку од тоа дека Законот за Јавно обвинителство е совршен и дека со него е спроведена потребната реформа. Но беше неопходно тој да биде донесен пред изборите. Она што е битно е дека со тој закон се овозможи континуитет на започнатите предмети на Специјалното јавно обвинителство, и фактот што се донесе закон според кој обвинителите не ги бираат политичарите, туку се бираат од страна на обвинителската фела – рече Богоевски.
Тој нагласи дека она што не му се допаѓа кај овој закон што тој процес за избор на нови обвинители е затворен за професорска фела и експртите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.