Павле Богоевски при своето гостување во „Само Вистина“ посочи дека резултатите од Извештајот на Транспаренси Интернешнл се разочарувачки, особено на полето на борба со висока корупција.

Треба да бидеме многу внимателни при заклучоците во кој дел од системот треба да се припише услугата за таквата состојба во која денес се наоѓа државата. Дали тоа се припишува на коруптивни практики на самата власт, дали тоа се припишува на немање на политичка волја кај самата власт ефективно гонење на таквиот тип на случаи или пак се припишува кај одредени недостатоци кај самите институции кои што се задолжени да се борат со оваа појава и недостатоци кои не можат да се припишат само на извршната власт односно на министерствата, на премиерот, дури ни на пратениците, појасни Богоевски.

Богоевски додаде дека кога станува збор за Извештајот на Транспаренси Интернешнл, ние сме за жал на 111 место.

За помалку од две години ние имаме застарени преку 3.300 предмети во судовите. Кај починат курир беа пронајдени 100-тици, ако не и илјадници писмени акти кои што не беа доставени. Ниту тие акти, ниту тие пресуди не се започнати во овие четири години, нагласи Богоевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.