Павле Богоевски кој даде оставка по скандалот со снимката која се појави од него, за која тврди дека нарачувал масло од канабис, беше гостин во Студио 1 на 1ТВ каде зборуваше за скандалот.
Треба да си го поставиме прашањето дали се уште се преземаат мерки за следење на комуникација на актуелни функционери, дали некој друг можеби располага со снимките коишто беа објавувани преку бомбите и како ги користат тие материјали? Кога беа објавувани бомбите, беше бидејќи институциите молчеа на очигледните злоупотреби и индиции за сторени кривични дела. Овде имаме директно објавување во јавноста и ставање на тапет и пред јавен линч – вели тој.
Според него снимката била порака пред седницата за одземање на мандатот на побегнатиот премиер Никола Груевски, без разлика дали е од Груевски, а тој сакал да им го преврти наративот на глава.
Инаку, по седницата за мандатот на Груевски тој вчера се огласи на Фејсбук.
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го изгласа Предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа, иако беа присутни во салата. Останува да видиме дали доволен број од нив ќе имаат сила да се одречат од својот пастир на пленарната седница, каде се потребни 80 гласа ЗА одземање на мандатот на почесниот претседател во бегство. Според Деловникот, за мандатот треба да се расправа на наредната пленарна седница. Писмото за престанок на мојот мандат ќе го заверам во службите по гласањето, без разлика на исходот. Збогум Никола – напиша Богоевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.