Поранешниот пратеник Павле Богоевски, реагираше на социјалната мрежа Фејсбук, во врска со обраќањето на газдата на „Беса Транс“, пет дена по трагедијата.

Богоевски, во статусот му посочи: Пет дена по трагедијата, газдата на БЕСА Транс, Беким Хаџиу конечно излезе од дупка и преку ФБ изрази сочувство на семејствата на загинатите, а несреќата ја опиша како “тест на Алах”. Не, дечко. Ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби.

Сите тие паднаа на тестот, давајќи ти на тебе и сличните криминалци да печалите пари на сметка на безбедноста на патниците кои се дрзнуваш да ги наречеш “семејство”.

Подобро да останеше во дупката. Срамота, се вели во статусот на пратеникот Богоевски.

Инаку, Јавното обвинителство покрена истрага врз агенција „Беса Транс“, а еден од автобусите, изгоре во несреќа, а со себе повлече и 45 животи на македонски патници. Само 7 лица едвај спасија „жива глава“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.