Потпретседателот на СДСМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме за тоа каде водат промените во СДСМ.
Богоев за новиот лидер на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски вели дека има сериозно менаџерско искуство кое што и е потребно на партијата.
Богоев додаде дека на партијата ѝ се потребни и кадри како што е министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која се повлече од партиските должности поради несогласување со партиските политики.
Тој се надева дека ќе најдат начин да ја разубедат во нејзината одлука.
Радмила Шекеринска е еден од најискусните политичари во државата. Таа била во многу раководства, и кога се работело многу добро и кога се работело малку проблематично. Има многу искуство и верувам дека со тек на време и неа раководството ќе може да ја убеди дека навистина сме ја сфатиле пораката. Искуството нејзино ни е максимално потребно, порача Богоев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.