По завршувањето на мандатот, сѐ уште актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев треба да стане директор на Царинската управа, пишува Фокус. Според нив Богоев им потврдил дека се разговара за оваа позиција, но конечната одлука треба да ја донесе Владата.
Инаку, оваа одлука треба да се официјализира по завршувањето на локалните избори. До неодамна, директор на македонската царина беше поранешниот пратеник и министер Горан Сугарески, кој се повлече од оваа функција откако поднесе градоначалничка кандидатура за Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.