Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев, во вчерашниот дебатен магазин „КликПлус“ на ТВ21 рече дека неговите информации укажуваат на промена на пет министри и еден вицепремиер во Владата на Зоран Заев.

Дефинитивно во нив ќе има што ќе се постигне Алтернатива. Коалицискиот партнер потенцијален кој што треба да влезе со четири пратеници, прилично извесно ќе добие министер во владата. На кое министерство, ќе биде соопштено дополнително. Не смеете да менувате повеќе од 1/3 од Владата, тогаш паѓа владата. Моите информации велат дека ќе се менуваат пет министри и евентуално еден вицепремиер, за да биде реконструкција – рече поранешниот градоначалник на Карпош.

Во реконструкцијата на Владата би влегла Алтернатива на Африм Гаши со четири пратеници на местото на Беса.

Богоев додаде дека нема амбиции да биде лидер на СДСМ, туку сега приоритет е да се стабилизиран владејачкото парламентарно мнозинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.