Мирослав Богдановски, пратеникот од ДОМ, партија дел од владеачкото мнозинство, преку „Фејсбук“ објаснува за јавната набавка на Собранието на 100 лаптопи со поединечна вредност од безмалку 1.000 евра, дека истите се купени преку донација од Швајцарија.
Како пратеник сакам да реагирам на информацијата дека преку Собранието се набавени 100 лаптопи за пратениците што НЕ Е точно, туку истите се донација од амбасадата на Швајцарија за собраниските служби преку Програмата за парламентарна поддршка, објави Богдановски.
Националниот демократски институт, Институтот за демократија Социетас Цивилис и Центар за управување со промени – ЦУП претходно реагираа дека амбасадата на Швајцарија го поддржува Собранието преку Програмата за парламентарна поддршка.
Со меѓупартиски консензус проектот обезбедува техничка и материјална помош, вклучувајќи и компјутери за собраниската служба, со цел обезбедување непрекината поддршка на пратениците, се вели во нивната реакција.
Од таму додаваат дека станува збор за набавка во рамки на 10 годишен проект во висина од 11 милиони швајцарски франци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.