До каде е изградбата на кулите за смог низ Општина Центар, до каде се ветените монтажни паркинзи, до каде е новата општинска зграда, до каде е новата спортска сала на КК Работнички. Кога вие имате политичари кои ветиле нешто пред четири години и денеска на 6 месеци пред избори гледаат дека ништо не исполниле, тогаш тие е нормално да се фалат со рушење, дека ќе рушат нешто. Но, пред да рушат треба да ги прашаат граѓаните.

Ова го посочи претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Според него, градоначалникот Саша Богдановиќ пред четири години ги лажеше скопјани дека нема да се урбанизира и да се уништува Скопје, а тоа сега се прави на големо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.