Богдан Илиевски, познат како „Бетмен велит“ реагира на ставот на првата жена на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска , а Канал 5 на негово барање официјално закажува дуел.
Селективните борци за човекови права и слободи преку нивната директорка Уранија Пировска жестоко се бунат затоа што има луѓе кои сметаат дека квалификацијата на делото не соодветствува на настаните и дека АКО ИМА ОСНОВ СОГЛАСНО ЗАКОН треба да се даде шанса на вистинската правда со докази и факти, а не на доживувања на настаните од разни центри на интерес.
Притоа, ставот на политичарите го сметаат за штетен бидејќи бил мешање во правната држава, а самите селективни борци од т.н. хелсиншки комитет повикуваат судот побрзо да го решел случајот за т.н. организатори на настаните, откако претходно (5-ти мај 2017) правеа листи на /потенцијални/ извршители на кривични дела. Односно кога некој кажува нешто кое не им одговара „од непознати причини“, тоа е мешање во работата на судот, а кога тие самите прават листи за правосуден отстрел и бараат пресуди, тоа не е мешање во работата на правосудството.
За тоа дека борбата за човекови права е борба за СЕЧИИ човекови права, нема простор во поимањата на овие селективни борци. За нив има само една вистина – нивната замислена верзија на настаните. Ама, постои и друга која ја знаат оние кои ги живееле и настаните и судските процеси подоцна, со се што тие носат со себе.
Па наместо да елаборирам тука, бујрум за извршната директорка на дуел на најгледаната дебатна емисија во Македонија – верувам дека Канал 5 ќе најде простор ако директоркава се одважи во живо да ги соочиме фактите и да ја убеди јавноста во она што го промовира зад разни памфлети наречени „извештаи“ и зад селективната борба за човекови права само на луѓе кои политички и се мили и драги.
Ако одбие, шо би рекол Хемфри Богарт – секогаш ќе го имаме фејсбук 🙂, напиша на Фејсбук, Богдан Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.