Богдан Илиевски на својот фејсбук профил напиша дефиниции за Специјалното Јавно Обвинителство и Основното Јавно Обвинителство, според она како досега овие обвинителства работеа и работат, како и за недовербата која Катица Јанева ја има кон своите обвинители во СЈО, па им нареди претрес.
Дефиниција за СЈО
Специјално јавно обвинителство со кое раководи жена која од спикерфон на осомничен за милионски рекет се обраќа кон рекетираниот со зборовите „Не се секирај, се ќе биде океј“ и паралелно – нема доверба во ниту еден вработен во обвинителството па наредува полициски претрес на секој вработен во обвинителството. Шефицата си ги форматира телефоните при истрага, најавува десетици нови обвиненија како закана кон оние за кои смета дека тргнале да и го земат скалпот, наредува бришење на податоци од компјутерите и се масира на плажа додека народ кој и верувал не може да поверува во што е вплеткана и што слуша, гледа и чувствува.
Дефиниција за ОЈО
Обвинителство кое се она што го слушате (и горенаведеното) го знае најрано од март и не постапуваше се додека не почна да се крева џева околу случајот. Воедно, е обвинителство кое со непостапување овозможува бришење телефони, компјутери, претреси на обвинители при влез во СЈО (можеби како притисок врз потенцијални сведоци) и којзнае што ли уште не, што не е јавно познато.
Како пупка, напиша Илиевски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.