Министерот за транспорт и врски, Благој Бочарвски вечерва на прес – конференција изјави дека превозникот БЕСА транс доставил уредна документација и добил лиценца за превоз на патници.

Вели дека тој ги исполнил условите и до овој момент има уредна лиценца. За опожареното возило кажа дека го нема во електронската база на министерството. Фирмата превозник е должна да го пријави во рок од 15 дена. На превозникот ќе му се одземе лиценцата за што постапката е почната. Ќе има вонреден надзор и ќе се исконтролира работењето на спомената агенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.