Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски нема информации за  дали тој ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата и дали ќе остане прв човек во државата за ресорот транспорт и врски. При денешниот увид во завршните градежни работи на обиколницата Штип-Запад, која е дел од експресниот пат Штип, Радовиш, Бочварски посочи дека останува посветен на работата и реализацијата на проектите.

-Останувам посветен максимално да направам се за да се решат сите овие отворени прашања коишто ги имаме во делот на инфраструктурата. За мене најважно е да ги дадам со сите мои капацитети и со сите мои можности и можностите на  Министерството и сите институции коишто ги раководи Министерството за транспорт и врски да направиме се во овој нареден период да сработиме што е можно повеќе, со цел да ги завршиме овие многу значајни проекти, пред притоа да паднат температурите и да не може да се работат градежните работи низ државата, така што правиме максимални координации и на терен и заедно со сите институции со цел да ги отклонуваме сите оние прашања коишто се отворен, вели Бочварски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.