Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ја предаде функцијата градоначалник на Општина Штип на досегашниот претседател на Совет на Општина Штип, Јане Миланов. Миланов е назначен за заменик градоначалник, а постапката за избор на в.д. градоначалник е почната.
Ми беше чест да бидам прв човек на мојот роден град. Благодарам на сите мои соработници, на сите кои дадовте се од себе за градот и граѓаните. Поставивме нови стандарди на водење на институцијата, работевме напорно на изработка на големи проекти кои го придвижија градот напред, вели Бочварски.
Заменик градоначалникот, Јане Миланов истакна благодарност за доверената функција и како досегашен претседател на Совет на Општина Штип ја потврди успешната соработка со Благој Бочварски, а најави дека ќе ги реализира сите започнати проекти.
Имавме динамична соработка со досегашниот градоначалник Бочварски, која носеше многу проекти. Со истото темпо и со поддршката од граѓаните ќе продолжам да придонесувам за доброто на Штип и штипјани, рече Миланов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.