Три дена молк од страна на власта за скандалот во кој општина Штип и доделува тендер на семејната фирма на Бочварски. Никој од власта, ниту Бочварски, ниту Владата, ниту надлежните институции не одговараат како е можно милионски тендер да добие фирмата „Де Лукс“ доо, фирма на чичкото Владимир и таткото Венцислав Бочварски, еден ден по неговото назначување за министер за транспорт и врски, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Целокупната постапка на тендерот се води додека Благој Бочварски е градоначалник на Штип, а се официјализира првиот ден кога тој станува министер. Овде постои сериозен сомнеж за корупција, криминал и злоупотреба на службена должност, а никој не реагира од надлежните институции. На дело се покажува дека власта на Заев ниту се бори, ниту спречува корупција, туку напротив ја генерира, ја ствара целата таа корупција, рече Арсовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.