Легитимно е САД да имаат своја политика на Балканот. Тие овде се клучна критична сила уште од 1990 година и се вложија многу во делот со Преспанскиот договор, истакна поранешниот амбасадор Ивица Боцевски во емисијата „24 анализа“.
Тој вели дека е нормално САД сега да ја бранат таа своја политика, но дека легитимно е и нашиот интерес да го дебатираме договорот и прашањето околу преименувањето на земјата.
Ова е суштинско прашање, затоа што голем дел од Македонците не го признаваат легитимитетот на Северна. Од демократски позиции, не гледам никаков проблем да се оспорува Договорот од Преспа и тоа што го донесе – додава Боцевски.
Белата куќа соопшти дека извршната наредба обезбедува дополнителни санкции против поединци или субјекти кои им се закануваат на мирот и стабилноста во регионот и ги поткопуваат демократските процеси или се занимаваат со сериозни кршења на човековите права и корупција.
Претседателскиот декрет го додава Договорот од Преспа за решавање на спорот меѓу Грција и Македонија од 2018 година, како и договорите со кои се стави крај на конфликтот во Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.