Блумберг Медиа (Блумберг) и МТел Свис, радиодифузер во сопственост на Телеком Србија, денеска го најавија отворањето на првата регионална деловна мрежа за вести во Југоисточна Европа, со центри во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
Филијалата на една од најголемите медиумски куќи во светот планира да започне со работа во 2022 година.
-Блумберг Адриа ќе се занимава со деловни и финансиски вести, анализи и податоци за растечката заедница на носители на деловни одлуки и идни лидери во регионот, преку електронски (ТВ), печатени и дигитални медиуми, како и мобилни и социјални мрежи, се вели во соопштението.
Во својата дејност, компанијата ќе се потпира на 2.700 новинари и аналитичари кои Блумберг ги вработува во 120 земји низ целиот свет за функционирање на новата платформа, која ќе ги комбинира локалното известување и покривањето на широката глобална економија и пазар.
Исто така, таа ќе вклучува преведена содржина на Блумберг, како и изворно известување продуцирано од специјализирани редакции во Белград, Загреб, Сараево и Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.