Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ја истакнал потребата да се продолжи пристапниот процес со Македонија и Албанија при денешната средба со потпретседателот на Европската Комисија Жосеп Борел во Вашингтон, јави Гласот на Америка.
„Државниот секретар ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, и ја истакна потребата да се продолжи понатаму со пристапниот процес со Албанија и Македонија“, се вели во изјавата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Во изјавата на Прајс пишува дека „секретарот Блинкен ја потврдил важноста од партнерството меѓу САД и ЕУ, и заложбата на САД да работат заедно со ЕУ да се спротивстават на заедничките предизвици“
Блинкен и Борел разговарале и за настаните поврзани со Авганистан, како и за дијалогот на високо ниво САД-ЕУ за Русија, и за следниот таков дијалог за Кина што се очекува да се случи на крајот на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.