Изборниот штаб на независниот кандидат на претседателските избори, Блерим Река испрати протестна нота до амбасадата на Албанија во земјава, поради вклучувањето во кампањата на Имер Селмани, кој е почесен Конзул на Република Албанија, со седиште во Битола.

Оттаму наведуваат дека на конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски, Имер Селмани со неговиот централен говор ја презентирал и ја поддржал кандидатурата, со што се определил политички, а во меѓувреме врши конзуларни функции.

Политичката злоупотреба на позицијата почесен Конзул на Република Албанија, поради лични интереси, не е чест за Република Албанија, ниту за Република Македонија, а истотака не е чест ниту за граѓаните на оваа земја, оценува изборниот штаб на проф. Блерим Река.

За предметното прекршување, независниот кандидат, Река, ќе побара средба со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, додека од Министерството за надворешни работи на Република Албанија ќе побара разрешување на Имер Селмани од позицијата почесен конзул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.