Претседателскиот кандидат Блерим Река вели дека негова амбиција е да победи на претседателските избори бидејќи, како што вели, има најдобар концепт.

Сигурен сум дека ќе поминам во вториот круг. Не сакам да зборувам за тоа кој би можел да ми биде противкандида, бидејќи јас се грижам за себе, за мојата програма, за моите предвидувања“, вели Блерим Река во интервју за Ал Џезира.

Тој смета дека за да го помине првиот круг потребни му се 150 гласачи.

Да, тоа е минимум, но не шпекулирам со бројќи, тоа е статистичка категорија. Мислам дека ќе ги убедам не само албанските гласачи, туку и граѓаните на Македонија од сите националности, дека мојот концепт е исправен и одржлив.

Тој сепак се сомнева дали ќе биде исполнет цензус.

 

На стариот список според кој ќе се спроведат овие избори, има 1,8 милиони гласачи, а стотици илјади граѓани се веќе надвор од земјата. Во моментов, во Македонија има 1,5 милиони гласачи, па затоа се плашам дека изборниот процес може да пропадне или дека нема да има цензус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.