Васко Талевски, познат битолски адвокат, со голем адвокатски стаж и член на Здужението на адвокатите на Битола е второто име за кое се зборува дека ќе влезе во уставниот суд.

Талевски е член на СДСМ и извршувал високи партиски функции. На седница на Централниот одбор на владејачката СДСМ во 2019 година беше избран зачлен на Извршниот одбор.

По неколку седмици тактизирање, неделава се очекува, конечно, да се дознаат имињата на тројца кандидати за нови уставни судии, откако кон крајот на минатиот месец им завршија деветгодишните мандати на судиите Елена Гошева, Сали Мурати и Никола Ивановски.

Денеска заседава собраниската Комисија за избори и именувања, која треба да ги утврди предлозите за нови уставни судии, за што потоа ќе одлучува собранискиот пленум.

Првото објавено име е името на поранешната пратеничка е Цветанка Иванова.

Третото место е за правник од помалите етнички заедници, за чиј избор ќе треба да се обезбеди и Бадентерово мнозинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.