Битолчанецот Игор Илиевски – Мусо вчера вечер сам ја исчисти таблата поставена во чест на активностите на битолските великани кај Ат Пазар, која пред неколку дена беше осквернавена.
Таблата од непознати лица пред неколку дена беше пречкртана со спреј во делот на „бугарскиот фашистички окупатор“. Граѓаните самостојно продолжуваат да делуваат во грижата и заштитата на заедничкото културно-историско наследство во отсуство и летаргичност на надлежните, јавува битолскиот портал Бабамбитола.мк, од кој на Мусо му порачуваат: „Секоја чест Игоре и се гордееме со вакви сограѓани“.
Кога нема институции во Македонија, Игор Илиевски – Мусо со подвиг на денот 👉 pic.twitter.com/PaFGGAkQu8
— Демир (@Trollowsky) November 2, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.