Првиот битолски новогодишен украс светна „духот на добрососедството“. Убавите желби за 2021 година се претворија во добрососедска комедија.

Гладен бил битолскиот украсувач (или полуписмен) кој го изработил градскиот украс „ЗДРАВЕ 2021). Голтнувајќи едно Ј, македонското здравје стана бугарско здраве.

Потоа битолчани решиле да се снаоѓаат, па на големото В му допишале едно мало ј. Па В прегорело, па ни по македонски ни по бугарски – вгодина битолчани  ЗДРАјЕ ќе си посакуваат… каква година – таква честитка. Фалична.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.