Битола денеска се крена на протест за високата казна за полициски службеник, кој вршејки ја својата должност, бил нападнат од алкохолизиран граѓанин. Инцидентот се случил минатата година. Полицаецот го совладал и привел за напад на службено лице но нападнатото лице го тужеше полицаецот и тој доби една година затвор.

Од Широк Сокак до судовите во Битола беше порачано дека казната е драконска, а Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата, алудираше дека за Зоран Милевски Кичеец затворската казан била помала а претекнувал на полна лента пред исходот од сообраќајната несреќа да заврши со едно загинато лице и седум тешко повредени.

Петковски е осуден на година дена затвор за малтретирање во вршење на службата откако во септември лани примени сила над Ром од Битола кој под дејство на алкохол претходно со возило удри во бандера во близина на битолската пошта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.