Се зголемува притисокот врз битолската болница каде што се хоспитализирани 45 пациенти, повеќето со тешка клиничка слика, а се поголем е и бројот на млада популација во дневната амбуланта на Инфективното одделение.

Професорот од техничкиот факултет, Дејан Трајковски, кој од почетокот на пандемијата ги работи математичко статистичките анализи, вели дека репродукциоскиот број Р0 во Битола е двојно поголем од просекот во земјава.

Во Битола, преносливоста сега е рекордна, репродукциоскиот број е 2 што досега не е забележан, малку побрзо растат бројките, а врвот и самиот бран настапува подоцна отколку во другите места во државата. Пракатично, Битола е последниот голем град зафатен со овој бран, остануваат уште неколку помали гратчиња во Источна Македонија, можеби евентуално и Охрид и Ресен, но воглавно во сите градови стартуваше есенскиот бран – вели проф д-р Трајковски.

Професорот Трајковски прогнозира дека ни претстои уште долг пат на заразаување. До крајот на овој бран, следната пролет, очекува бројот на заболени во земјава да достигне до 260 илјади, но долколку влезе новиот делта плус сој, тој број би бил уште поголем.

Делта плус варајанта кој што има за 10 до 15 проценти поголема преносливост од класичниот делта сој, ќе донесе и поголеми бројки. Ако тој сој влезе во државата до пролет, тогаш се очекува вкупниот број на дијагностицирани да се зголеми за уште 20 до 25 илјади, односно вкупниот број на заболени би достигнал меѓу 265 до 300 илјади случаи – вели проф. д-р Трајковски.

Професорот Трајковски не очекува да се преполнат болниците во овој бран на Ковид-19, но не очекува ниту намалување на леталитетот и вели дека бројот на починати до крајот на бранот можно е да се зголеми за уште 1.500 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.