И по една недела од почетокот на новата учебна година, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, абер нема колку ученици од општинските основни и средни училишта, се уште немаат компјутери за следење на он-лајн настава, јавува дописничката од Прилеп за „Алфа“.
Таква бројка се уште немаме. Знаеме дека во сите училишта имаме некоја бројка што се социјални случаеви кои што немаат компјутер, лап-топ…Ние направивме јавна набавка за сите училишта, за потребите…Јавната набавка е во тек и се надеваме дека со отворањето на тендерот, на 30-ти октомври дека ќе ги имаме дотогаш, а знаете дека е проблем со набавка на компјутери во целата држава, се оправда градоначалникот Илија Јованоски.
Запрашан од страна на „Алфа“ – како е можно јавната набавка да е веќе распишана, а без притоа да се знае бројот на потребните компјутери, тој кажа дека позната била само вредноста на тендерот, што пак, во најмала рака е чудно?!
Значи, бројката не е точно одредена, одредена е сумата – осум милиони и двесте илјади денари се…во зависност од цената на комјутерите…толку ќе бидат и тие. Затоа точната бројка не можам да ви ја кажам…, се одбрани Јованоски.
Инаку, во општина Прилеп има над 10.000 ученици, од кои дури 9.000 основци и средношколци треба да следат он-лајн настава, бидејќи ниту едно од училиштата не доби дозвола од Министерството за следење на наставата со физичко присуство на учениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.